• петок, 17 мај 2024

Пендаровски на средба со новоименуваната раководителка на Гете-институт Скопје, Оствалд-Рихтер

Пендаровски на средба со новоименуваната раководителка на Гете-институт Скопје, Оствалд-Рихтер
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со новоименуваната раководителка на Гете-институт Скопје, Катрин Оствалд-Рихтер, на која бил запознаен со тековната работа на институтот, насочена кон културна и образовна соработка. Како што информираат од претседателскиот кабинет, на средбата Пендаровски биз запознаен и со афирмирањето на учењето на германскиот јазик, како и реализацијата на програми од културата и образованието што го унапредуваат меѓукултурниот дијалог.

Новоименуваната раководителка Оствалд-Рихтер ги претставила плановите, приоритетите и целите на својата работа и нејзиниот интерес да ги адресира неискористените потенцијали во сферата на културната и уметничката продукција кај нас.

Претседателот Пендаровски го истакна придонесот што институтот го дава во развојот на македонско-германските односи и изрази уверување за натамошно продлабочување на образовните и културните врски меѓу Северна Македонија и Германија. бт/ац/

Остани поврзан