• сабота, 23 ноември 2024

Пендаровски: Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество

Пендаровски: Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

-Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите припадници на бошњачката етничка заедница да им го честитам 28 Септември ‒ Меѓународниот ден на Бошњаците и најискрено да посакам денешниот ден да го поминат во добро расположение, исполнети со радост, среќа и бериќет. Бошњачката заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно, мултирелигиозно и мултиетничко општество и со останатите заедници суштински придонесува за напредок и развој на нашата татковина. Преку празнувањето на 28 Септември уште еднаш упатуваме порака за заедништво и сплотеност. Со почитувањето и споделувањето на културните различности и традиции сме поблиску до остварувањето на нашата заедничка цел ‒ демократска, просперитетна, развиена Република Северна Македонија, истакнува во честитката претседателот Пендаровски. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан