• сабота, 16 ноември 2024

Пендаровски: Ако нема парно за граѓаните во Скопје, и ние ќе го исклучиме греењето

Пендаровски: Ако нема парно за граѓаните во Скопје, и ние ќе го исклучиме греењето
Скопје, 3 октомври 2022 (МИА) - Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки за ублажување на ефектите од кризата, ќе го помине тој тест, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски. - Колку што јас знам околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Прашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин. - Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам, рече Пендаровски. цр/бак/

Остани поврзан