• среда, 15 мај 2024

Пелистер со победа ја почна сезоната во АБА 2

Пелистер со победа ја почна сезоната во АБА 2

Суботица, 11 октомври 2023 (МИА) - Кошаркарите на битолски Пелистер го совладаа вечерва словенечки Шенчур со 82-78 по продолжение и со победа ја почнаа новата сезона во АБА 2 лигата. 

Во неизвесен натпревар во рамки на воведниот "балон" во Суботица, најефикасни во редовите на македонскиот тим беа Марјан Илиевски со 22 поени и Малком Бернард со поен помалку. 

Вечерва својот настап во АБА 2 лигата ќе го има и скопски ТФТ Моцарт против босански Широки. 
Третиот македонски претставник во ова регионално кошаркарско натпреварување МЗТ Скопје Аеродром вчера загуби од дебитантот Цедевита Јуниор. ег/вг/

ФОТО: Пелистер Фејсбук

 

Остани поврзан