• сабота, 23 ноември 2024

Пелистер се засили со Стојан Ѓуроски

Пелистер се засили со Стојан Ѓуроски
Битола, 13 август 2021 (МИА) – Повремениот македонски репрезентативец, Стојан Ѓуроски е нов кошаркар на Пелистер, објави денес битолскиот прволигаш. Пред Ѓуроски, на соработка со Пелистер се согласи и Димитар Караџовски. Ѓуроски во својата кариера има настапувано за Блокотехна и Кожув од Гевгелија, скопските екипи Работнички, МЗТ Скопје и Карпош Соколи, а има и интернационално искуство во Франција и Шпанија. За Пелистер кој во новата сезона пријави учество во АБА 2 лигата, претходно потпишаа и  Тајлер Чиз, Марјан Младеновиќ и Љубомир Младеновски. зс/

Остани поврзан