• петок, 05 декември 2025

Пелегрини: Еден бод дома е лош, но во овој случај мислам дека е добар резултат

Пелегрини: Еден бод дома е лош, но во овој случај мислам дека е добар резултат

Севилја, 25 септември 2025 (МИА) - Тренерот на Бетис, Мануел Пелегрини, се осврна на нерешените 2:2, синоќа со Нотингем Форест во 1. коло од Лигата на Европа.

- Разговаравме со играчите на полувремето и им кажавме дека губиме само еден гол дека треба да бидеме поагресивни во освојувањето на топката. Нотингем е еден од најдобрите тимови во Лигата на Европа. Кога играте дома, еден бод е лош, но во овој случај мислам дека е добар резултат, изјави Пелегрини на официјалната веб-страница на УЕФА.

Во второто коло од Лигата на Европа, Нотингем Форест ќе се соочи со Митјиланд, додека Бетис ќе игра против Лудогорец. Двата натпревари ќе се играат на 2 октомври. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан