• четврток, 14 ноември 2024

Пекевски: Програмата планирана за претходните четири години заедно со граѓаните е исполнета

Пекевски: Програмата планирана за претходните четири години заедно со граѓаните е исполнета
Берово, 7 октомври 2021 (МИА) - Програмата за претходните четири години, планирана заедно со граѓаните, е исполнета и граѓаните на средбите го истакнуваат тоа со подддршка да се продолжи да се работи со ист ритам и во следниот мандат. Ова на средната со жителите на Владимирово го истакна кандидатот и актуелен градоначалник од СДСМ и коалицијата, Звонко Пекевски. Пекевски, истакна дека четирите изминатите години се период на добра соработка, со поставување нови цели и градење нови темели со што, како што рече, Општината тргнала напред. -Од секојдневните средби, кои ние како коалиција ги остваруваме, можеме да забележиме дека граѓаните на Берово се задоволни од сработеното, тоа постојано го истакнуваат, особено што сите знаеја дека Берово беше презадолжена општина, нејзиниот вкупен долг, кога дојдов на функцијата Градоначалник, беше колку едногодишен општински буџет. Четирите години работевме чесно, отчетно, транспаретно и со план. Успеавме да ја раздолжиме општината, да ја направиме ликвидна и стабилна, а во исто време да градиме од Двориште до Берово и од Берово до Митрашинци и тоа градевме капитални проекти, во интерес на сите граѓани на Општина Берово, потенцираше Пекевски. Тој се осврна на конкретните проекти сработени за Владимирово и она што е следно за идниот мандат. -Еден од капиталните проекти кои се реализираше во овој четиригодишен мандат,  е целосната реконструкција на локалниот пат Владимирово – Мачево, кој го олесни пристапот до земјоделските имоти на жителите на Владимирово и регионалниот пат Берово- Виница. Исто така сменети се старите азбесни цевки на крак од водоводот во селото, а во следниот мандат продолжуваме и понатаму, затоа што чистата вода и здравата животна средина е наш приоритет и во следниот четиригодишен мандат, додаде Пекевски. Кандидатот од коалицијата „Најдоброто за Берово" ги покани жителите на Владимирово, како и досега да го изберат најдоброто за себе и на 17 октомври да гласаат за бројот 12 за СДСМ и коалицијата што гарантира продолжување на периодот на транспарентно и отчетно работење, планирање на проекти за сите граѓани, за подобар квалитет на живот за сите. вс/аа/

Остани поврзан