• четврток, 14 ноември 2024

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Пекевски закажа средба на Управниот одбор во градинката „23 Август“ по информацијата за двата случаи на салмонела

Берово, 31 јануари 2023 (МИА) - По потврдата на вториот случај на саломонела кај деца згрижени во градинката „23 Август“, градоначалникот на Берово Звонко Пекевски ја информира јавноста дека веднаш по појавата на првиот случај од градинката е побарано писмено известување за причините за настаната ситуацијата и што е преземено. Тој денеска побара итна средба на Управниот одбор во градинката, на која ќе се разгледа целата ситуација со појавата на салмонела, а истовремено, како што додаде, преку Центарот за јавно здравје е иницирана постапка за вршење на инспекциски надзор од страна на санитарен иснпектор на храна. 

Целта, како што вели градоначалникот на Берово, е да се утврди дали изворот на салмонела потекнува од детската градинка или самата бактерија е појавена од друго место.

-Како институција имаме преземено се што е во наша надлежност. За другата недела е закажана седница на Совет на која имам иницирано и точка за појавата на салмонела во градинката. Иако службено сум отсутен ја добив информацијата од Центарот за јавно здравје кој врз основа на двата случаи самиот иницира постапка за вршење на инспекциски надзор од страна на инспектори согласно нивните надлежности, вели за случајот Пекевски.

За реакцијата на родителите вели дека ја разбира нивната загриженост, а истовремено се заблагодари за ангажманот на вработените со цел да се утврди фактичката состојба.

-Моментално 40 деца се загрозени и ја разбирам загриженоста на родителите, бидејки тие практично ја отпочнаа постапката. Сепак се додека не излезат институциите со став и потврдување на состојбите, не би сакал да шпекулирам во интерес на останатите дечиња и родители кои се уште ги згрижуваат децата во детската градинка, додаде Пекевски.

Во текот на вчерашниот ден како што посочи земени се брисеви и од вработените и преземени се сите чекори од Општината, за да се утврди фактичката состојба во детската градинка во Берово. вс/сст/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан