• вторник, 19 ноември 2024

Пегула го освои турнирот во Сеул

Пегула го освои турнирот во Сеул

Сеул, 15 октомври 2023 (МИА) - Американката Џесика Пегула победи во финалето на ВТА турнирот во Сеул.

Во мечот за титулата, првата носителка ја победи ривалката од Кина, Јуе Јуан со 6:2 и 6:3. 

Мечот траеше 1 час и 24 минути.

За 29-годишната Пегула ова е четврти ВТА трофеј во кариерата.

Наградниот фонд на турнирот во Јужна Кореја изнесуваше 260 илјади долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан