• петок, 05 декември 2025

„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар

„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар

Скопје,19 мај 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 12.05. до 18.05.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, соопштија денеска од ЈП Паркинзи на Општина Центар. цр/

Фото: ЈО Паркинзи на Општина Центар 

Остани поврзан