• вторник, 05 ноември 2024

Пашинјан повика на национални дебати за пристапување во ЕУ

Пашинјан повика на национални дебати за пристапување во ЕУ

Ереван, 14 март 2024 (МИА) - Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска ги повика своите сонародници да иницираат дебати за можното пристапување на поранешната советска република во Европската унија, пренесоа француските медиуми. 

Упадот на руските сили во Украина му даде нов поттик на проширувањето на ЕУ, кое ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија и ѝ додели кандидатски статус на Грузија.

Ерменија презема чекори кон зближување со Западот, обвинувајќи го својот традиционален сојузник Русија дека го напуштила во конфликтот со Азербејџан.

-Темата за пристапување во ЕУ треба да стане широко дискутирано прашање во општеството, рече ерменскиот премиер.

Европскиот парламент оваа недела усвои резолуција со која се повикува на зајакнување на односите меѓу ЕУ и Ерменија.

-Ова е нова можност да разговараме за нашата визија за иднината на Ерменија, рече Пашинјан на владиниот состанок. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан