• сабота, 23 ноември 2024

Пациентите од Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ се препраќаат во други клиники

Пациентите од Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ се препраќаат во други клиники
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Во Клиниката за ТОАРЛИУЦ-КАРИЛ не се примаат нови пациенти поради нивна безбедност и се препраќаат во други клиники, откако беа поплавени магацините во вчерашното невреме. До Клиниката стигнало и официјално соопштение потпишано од министерот за здравство, Беким Сали. – Ве известуваме дека заради технички проблеми на единицата за интензивно лекување ЈЗУ УК ТОАРЛИУЦ КАРИЛ, сите пациенти кои бараат интензивна нега и лекување ќе се препраќаат во следните јавни здравствени установи, се до санација на дефектот: пациентите од Скопје во ГОБ „8 Септември“ и КБ „Наум Охридски“; пациентите од источна Македонија во КБ Штип; пациентите од централна Македонија во КБ Битола; Пациентите од западна Македонија во КБ Тетово“, се вели во соопштението. ки/цр

Остани поврзан