• недела, 22 декември 2024

Пахор: За земјите од Западен Балкан е разочарувачки тоа што се случи со Северна Македонија

Пахор: За земјите од Западен Балкан е разочарувачки тоа што се случи со Северна Македонија
Подгорица, 11 декември 2020 (МИА) - Претседателот на Словенија Борут Пахор изрази разочарување на форумот 2БС (2BS - To be Secure ) во Подгорица поради тоа што политиката за проширување во моментов не е високо на агендата на Европската унија. Тој изјави дека она што се случи со Северна Македонија е обесхрабрувачки за земјите од Западен Балкан. - Таа земја исполни сè што беше побарано од неа, тие направија сè што требаше да се направи, а Европската унија запре, рече словенечкиот претседател, потенцирајќи дека станува збор за голема грешка, што тешко ќе се исправи. - Моја задача е да ги потсетам моите колеги дека ова прашање не смее да се игнорира, истакна Пахор. - Навистина жалам што Брисел во моментов е оптоварен со други проблеми, почнувајќи од здравствената криза, преку Брегзит и други проблеми, така што проширувањето на Унијата кон земјите од Западен Балкан не е приоритет, рече Пахор на 10-от, јубилеен, форум 2БС. Пахор рече, како што пренесува порталот ЦдМ, дека Брисел би донел мудра одлука доколку веднаш ги унапреди преговорите со земјите кандидати од ова подрачје, се разбира, под услов тие „да си ја завршат својата работа“. Тој рече дека би било добро ЕУ да ги гледа земјите од Западен Балкан како еден блок и на тој начин да ги прими во Унијата. ссм/

Остани поврзан