• петок, 05 декември 2025

Пауел: Поради нестабилниот пазар на трудот потребно е намалување на каматните стапки

Пауел: Поради нестабилниот пазар на трудот потребно е намалување на каматните стапки

Вашингтон, 22 август 2025 (МИА) – Претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел изјави дека американскиот пазар на трудот е во нестабилна состојба поради што набрзо може да дојде до намалување на каматните стапки како поддршка на економијата.

Тој, во обраќањето за монетарната политика на годишниот економски симпозиум на американската Централна банка во Џексон Хол, Вајоминг, изјави дека пазарот на труд би можел да има корист од пониските каматни стапки, кои ФЕД не ги менува веќе осум месеци.

Пауел предупреди дека пазарот на труд се наоѓа во „чудна состојба на рамнотежа, во која се намалуваат и понудата и побарувачката за работници, ставајќи го во понеизвесна позиција отколку што сугерира ниската стапка на невработеност“. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан