• петок, 22 ноември 2024

„Патувачки караван“ на кумановската библиотека „Тане Георгиевски“

„Патувачки караван“ на кумановската библиотека „Тане Георгиевски“
Куманово, 5 март 2022 (МИА) - Дваесетина работилници за популаризација на книгата и промоција на македонските автори ќе бидат реализирани во рамките на проектот „Патувачки караван - патуваме и сонуваме“, информираа, денеска надлежните од кумановската библиотека „Тане Георгиевски“. - Активностите претежно се спроведуваат во руралните училишта и започнавме од почетокот на годинава. Одржавме работилница во подрачното училиште „Кочо Рацин“ во селото Орашац. Следната седмица работилници ќе бидат организирани во основните училишта во населбата Иго Тричковиќ и во селата Љубодраг и Черкези, изјави директорката на библиотеката, Христина Алексовска. Од библиотеката сметаат дека на овој начин ќе ги привлечат најмладите и ќе ја популаризираат книгата и читањето, а ќе придонесат и за збогатување на знаењата и збогатување на речникот. Претходно, од библиотеката информираа дека лани го збогатиле книжниот фонд за 4.480 библиотечни единици. Околу 6.000 кумановци се корисници и членови на библиотеката кои редовно позајмуваат книга. Со книжен фонд од околу 237.000 примероци, кумановската библиотека е меѓу најдобро снабдените во земјава.ам/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан