Патот од Пантелејмон до Средно Водно поради голомразица небезбеден за моторни возила
- На овој потег, како што велат од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска треба да биде испратена машина за интервенира.

Скопје, 20 јануари 2025 (МИА) - Центарот за управување со кризи информира дека патот меѓу Пантелејмон во Горно Нерези и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возила и апелираат да не се користи поради голомразица.
На овој потег, како што велат од ЦУК, вчера биле заглавени повеќе возила и денеска треба да биде испратена машина за интервенира.
- По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина и да се интервенира, се вели во информацијата од ЦУК. бак/
Фото: МИА архива