• петок, 22 ноември 2024

Патнички воз на релација Скопје - Кочани удри во автомобил кај селото Горни Подлог

Патнички воз на релација Скопје - Кочани удри во автомобил кај селото Горни Подлог
Кочани, 12 февруари 2021 (МИА) – Патнички воз на релација Скопје - Кочани вечерва околу 19 часот удрил во патничко возило на железничкиот премин кај кочанското село Горни Подлог. Според првичните информации, освен материјална штета на возилото, нема повредени. Станува збор за необезбеден премин преку пругата, каде освен еден сообраќаен знак, нема светлосно-звучен сигнал, ниту рампа. Полициски екипи вршат увид на местото на настанот, а сообраќајот на патниот правец кон селото Горни Подлог два часа беше во прекин. Ова е втора незгода за краток период на истиот железнички премин, откако пред неколку месеци воз удри во автомобил. Пред пет дена, патничкиот воз за Кочани излета од шините кај Овче Поле, но за среќа немаше повредени. ат/свс/

Остани поврзан