• вторник, 23 јули 2024

Патничкиот сообраќај од ГП Долно Блаце ќе се одвива од Долно Блаце кон Чучер Сандево

Патничкиот сообраќај од ГП Долно Блаце ќе се одвива од Долно Блаце кон Чучер Сандево

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Од 10 часот денеска само за патничкиот сообраќај од Граничниот премин Долно Блаце ќе се овозможи влез во државава и ќе се одвива од село Долно Блаце кон  Чучер Сандево. 

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мд/свс/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан