• недела, 22 декември 2024

Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,1 отсто

Патничкиот сообраќај на грчките аеродроми зголемен за 9,1 отсто

Атина, 16 септември 2024 (МИА) – Во првите осум месеци од годинава односно во периодот јануари - август, патничкиот сообраќај на 39 аеродроми во Грција се зголемил за 9,1 отсто во споредба со лани, додека авионскиот сообраќај се зголемил за 6,8 проценти, соопшти  Службата за цивилно воздухопловство, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, бројот на патници на грчките аеродроми оваа година е за над 4,5 милиони повисок од лани, односно во изминатите осум месеци изнесува 54.769.867, наспроти 50.191.061 патник во истиот период лани.

Во однос на сообраќајот на авиони, домашните и меѓународните слетувања и полетувања зголемени се за 6,8 проценти на сите 39 аеродроми во земјата чија контрола на воздушниот сообраќај главно ја врши конкретната служба. ср/ми/

Остани поврзан