• петок, 19 декември 2025

Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце нормализиран

Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце нормализиран

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран. Укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР

Сообраќајот на оваа делница синоќа поради пожарот над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот, кој се прошири, беше пренасочен за патнички возила, а беше воведена забрана за товарни моторни возила. МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце. вг/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Остани поврзан