• недела, 22 декември 2024

Партијата на пензионери на изборите ќе учествува во коалицијата предводена од СДСМ

Партијата на пензионери на изборите ќе учествува во коалицијата предводена од СДСМ
Скопје, 7 март 2020 ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ, на 07.03.2020 година, во Скопје одржа Редовно СОБРАНИЕ на ПП, на кое, покрај статутарни обврски, се разработени прашања и донесени одлуки и документи во врска со вонредните избори за Собрание на РС Македонија, кои ќе се одржат на 12.04.2020 година. Партијата ја потврди определбата, на вонредните избори за Собрание на РС Македонија, на рамноправна основа, да учествува во коалицијата предводена од СДСМ. Донесена е Програма за работа на ПП, како платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2030 година. Програмата ги определува црвените нишки на нашата стратегија за планираните политичка цели и активности со понуда за заедничко реализирање во рамки на коалицијата. Содржински, Програмата се темели на императивот за консензус во кој „човекот е на прво место“, разработена во програмски прилози за политики на партијата за достоинствена старост и пензии, за подобро здравство и здравје, социјални политики за солидарно општество, за образованието и младите, животната средина, како и  други сегменти кои се значајни за општествената заедница и државата. Усвоен е извештајот за работењето на ПП, во период до одржувањето на седницата на Собранието, поднесен од Претседателот г-дин Илија Николовски. ПП усвои листа на можни кандидати за пратеници од партијата, со која ќе настапи, во преговорите во рамки на коалицијата, при конечното оформување на изборните листи. ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ   ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан