Партијата за движење на Турците во Стразбур оствари средби со европратеници
Скопје, 5 октомври 2023
Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП) предводена од председателот Енес Ибрахим, во Стразбур одржа низа средби со повеќе европратеници.
На остварените средби Ибрахим ги истакна прогресивните ставови на партијата, потенцирајќи дека евроинтеграцијата е клучна за иднината на Северна Македонија, а немнозинските заедници се неодвоив дел од овој историски процес.
Делегацијата оствари средба и со европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за нашата земја во Европарламентот. Ибрахим се заблагодари за досегашната поддршка на Ќучук. На средбата беше констатирано дека Република Северна Македонија има капацитет да се справи со сите предизвици на патот кон ЕУ.
ТХП ќе продолжи да се залага за просперитетна Северна Македонија, која почива врз европски вредности.
Партија за движење на Турците
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.