• петок, 26 декември 2025

Партиципативен форум на тема „Улога на помалубројните заедници во зајакнувањето на општествената кохезија”

Партиципативен форум на тема „Улога на помалубројните заедници во зајакнувањето на општествената кохезија”

Скопје, 29 мај 2025 (МИА) - Партиципативен форум на тема „Улога на помалубројните заедници во зајакнувањето на општествената кохезија” денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Советот на Европа.  

Целта на Форумот како неформален и консултативен механизам, како што се наведува во соопштението од организаторите, е зајакнување на соработката помеѓу органите на државна управа и заедниците, заедничко разгледување на прашања од интерес на заедниците, изготвување на препораки, релевантни предлози, законски и други предлози на текстови и  давање мислења во врска со предложените владини политики кои можат посредно или непосредно да влијаат врз остварувањето на правата на заедниците.

Исто така, Партиципативниот форум овозможува директна комуникација, дијалог и соработка на заедниците со надлежните органи и институции. цр/вг/

Фото: принтскрин од веб страницата на Агенција за остварување на правата на заедниците 

 

Остани поврзан