• недела, 22 декември 2024

Парламентот на Црна Гора утре на вонредна седница ќе расправа за опозицискиот предлог за разрешување на спикерот

Парламентот на Црна Гора утре на вонредна седница ќе расправа за опозицискиот предлог за разрешување на спикерот
Подгорица, 6 февруари 2022 (МИА) -  Црногорскиот парламент утре на вонредната седница ќе расправа за предлогот на опозицијата за разрешување на претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ. Предлогот беше потпишан од 38 опозициски пратеници од Демократската партија на социјалистите, Либералната партија, Бошњачката партија, Социјалдемократите, Социјалдемократската партија и албанската коалиција Едногласно. Во образложението се наведува дека Собранието за време на мандатот на Бечиќ не било место на суштински политички дијалог, поради што не исполнило една од основните функции да доведе до забрзување на европскиот пат на Црна Гора. Неколку владејачки партии веќе се изјаснија против смената на Бечиќ. Со евентуалното разрешување на претседателот на Собранието Алекса Бечиќ би се конституирало ново парламентарно мнозинство со подносителите на иницијативата, а со тоа оние кои ќе гласаат за разрешување ќе ја изберат коалициската страна, соопштија од Демократска Црна Гора, каде тој е лидер. „Со оглед на тоа што претседателот се разрешува со мнозинство од вкупниот број присутни пратеници, секој што гласа ЗА или не учествува на гласањето се договорил со ДПС (Демократската партија на социјалистите) и формира нова парламентарна коалиција“, се вели во соопштението на Демократите. Од партијата додаваат дека што се однесува до нив, политичката криза може да се реши или со договор во рамки на парламентарното мнозинство и малцинските партии или со избори. ссм/

Остани поврзан