• четврток, 26 декември 2024

Парламентарни и претседателски избори во Гана

Парламентарни и претседателски избори во Гана

Акра, 7 декември 2024 (МИА) - Во Гана денеска се одржуваат претседателски и парламентарни избори, а гласачките места се отворени од 7 часот наутро.

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо ќе се повлече од функцијата следниот месец, откако имаше два мандати според Уставот.

Во изборната трка се 12 кандидати, но најмногу вниманието е насочено кон ривалите, потпретседателот Махамуду Бавумија, кој е поддржан од Новата патриотска партијана Акуфо-Адо, и поранешниот претседател Џон Драми Махама од Националната демократска партија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан