• четврток, 17 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил

Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата,  освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил

Скопје, 17 април 2025 (МИА) – Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани, со исклучок на затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил. 

-Во петок (18 април), недела (20 април) и понеделник (21 април) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил, соопшти ЈП ПОЦ.

Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, сабота (19 април) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22 април (вторник) со вообичаено работно време. дма/сст/

Фото:ЈП ПОЦ ќе

Остани поврзан