• сабота, 21 декември 2024

Паркиралиштата на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало стануваат резидентни

Паркиралиштата на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало стануваат резидентни
Скопје, 21 јуни 2022 (МИА) – Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје воведе резидентно паркирање на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало за да им овозможи на жителите на оваа улица непречено да ги користат паркиралиштата пред нивните домови. - Согласно Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, паркиралиштата на ул. „Орце Николов“ (на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до ул. „Рузвелтова“) ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите и жителите кои живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр. 69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители кои живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта преку ПОЦ мобилната апликација, веб платформата www.poc.mk или во катната гаража „Судска Палата“. Жителите кои веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта, информира ЈП Паркинзи на Општина Центар. Веќе од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на ул. „Орце Николов“, а не се корисници - резиденти на истата, ќе бидат санкционирани со механичко средство „Блокатор“ или со специјално возило „Пајак“. - Одлуката за усвојување на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар-Скопје на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар- Скопје, донесена од Управниот одбор на јавното претпријатие, беше изгласана на 11-та седница на Советот на Општина Центар одржана на 9 јуни 2022 година, се вели во соопштението. мс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан