• петок, 22 ноември 2024

Паралелно пребројување на 100 отсто: ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија

Паралелно пребројување на 100 отсто: ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија
Софија, 2 октомври 2022 (МИА) - Податоците на социолошката агенција „Галуп“ од паралелното пребројување на 100 отсто од гласовите покажуваат дека на предвремените парламентарни избори во Бугарија победи коалицијата на Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС со 23,5 отсто од гласовите. Втора е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Васелив со 19,5 отсто, јавува дописникот на МИА од Софија. Движењето за права и слободи - 15,2%, националистичката партија "Преродба" ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори во Бугарија и доби 10,0 отсто, Бугарската социјалистичка партија - 8,9 проценти „Демократска Бугарија" на Христо Иванов - 7, 0 отсто, а партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ според овие пресметки влегува во 48. Народно собрание на Бугарија и добива 4,7 проценти. П од прагот за влез во парламентот остануваат „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 3,8 отсто, „Исправи се Бугарија“ на поранешниот народен правобранител Маи Манолова со 1,1%, ВМРО – 0,8%, а оние кои гласале „Јас никого не поддржувам“ се 3,4 проценти. Според агенцијата Галуп, излезноста на гласачите на парламентарните избори во Бугарија била 39,5 отсто. нк/ссм/

Остани поврзан