• петок, 22 ноември 2024

Папа Франциск: Смртта на мигрантите во Медитеранот е болка, срам и отворена рана на човештвото

Папа Франциск: Смртта на мигрантите во Медитеранот е болка, срам и отворена рана на човештвото

Рим, 13 август 2023 (МИА) - Смртта на мигрантите во Средоземното Море е „болка и срам“ и „отворена рана на човештвото“, кажа денеска папата Франциск, додавајќи дека се моли за лицата (41) кои загинаа во бродоломите од почетокот на овој месец.

Преживеани мигранти во средата беа спасени од морето и истоварени на италијанскиот остров Лампедуза, а во денешното обраќање до верниците – Ангелус,  86-годишниот папа кажа дека се моли за животите ма 41 лице, кои, според изјави на четворица преживеани, исчезнаа неделава во водите на Медитеранот.

-Со болка и срам мораме да кажеме дека од почетокот на годината најмалку 2.000 мажи, жени и деца загинаа на море, обидувајќи се да стигнат до Европа, рече папата, потсетувајќи се на бројките на Меѓународната организација на ОН за миграција (ИОМ), која во саботата пријави „најмалку 2.060 мртви“ мигранти во Средоземното Море од почетокот на годината.

Повеќе од 1.800 од нив загинаа во централниот дел на Медитеранот, меѓу Северна Африка и Италија, на најсмртоносната миграциска рута во светот.

-Тоа е отворена рана на човештвото, им порача папата на верниците собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Ги охрабрувам политичарите и дипломатите, кои сакаат да се спасат, на духот на солидарност и братство“, додаде тој. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан