• петок, 17 мај 2024

Папата Франциск им изрази сочувство на семејствата на жртвите во пожарите на Хаваите

Папата Франциск им изрази сочувство на семејствата на жртвите во пожарите на Хаваите

Рим, 11 август 2023 (МИА) - Папата Франциск изрази сочувство поради загубата на животи и уништувањата предизвикани од шумските пожари на Хаваите.

„Папата Франциск е длабоко ожалостен од сознанието за загубата на животи и уништувањата предизвикани од шумските пожари на хавајскиот остров Мауи“, се вели во телеграмата на државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин испратена до апостолскиот нунциј во САД, надбискупот Кристоф Пјер, пренесува Ватикан Њуз.

Папата, исто така, ја изрази својата „солидарност со сите кои страдаат од оваа трагедија, особено на тие чии најблиски починаа или се исчезнати“. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан