• петок, 22 ноември 2024

Папата Франциск ги повика државите во светот подобро да постапуваат кон бегалците

Папата Франциск ги повика државите во светот подобро да постапуваат кон бегалците

Рим, 19 јуни 2024 (МИА) - Папата Франциск денеска ги повика државите во светот подобро да постапуваат кон бегалците и да им овозможат хумани услови за живот, во пресрет на Светскиот ден на бегалците, кој се одбележува утре.

За време на неговата општа аудиенција, папата истакна дека сите луѓе треба да им помогнат на бегалците да се интегрираат во новите општества, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Тој посочи дека Светскиот ден на бегалците треба да биде можност да се фокусира вниманието на оние „кои се принудени да ги напуштат своите домови во потрага по мир и безбедност“.

Светскиот ден на бегалците се слави на 20 јуни од 2001 година. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан