• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск во посета на Монголија

Папата Франциск во посета на Монголија

Ватикан, 31 август 2023 (МИА) - Папата Франциск вечерва отпатува за Монголија, доминантно будистичка земја со само 1.450 католици.

Поглаварот на Римокатоличката црква ќе лета девет часа и 30 минути до Улан Батор. Авионот еден час ќе лета над Кина, а папата ќе испрати порака до кинескиот претседател Си Џинпинг. Папата Франциск испраќа пораки до сите лидери кога лета над нивните држави.

Во пораките обично се благословува земјата и нејзиниот народ, но во случајот со Кина, пораката е повнимателно составена поради комплицираните односи на Ватикан со Пекинг.

Монголија беше дел од Кина до 1921 година и одржува блиски политички и економски врски со Пекинг. Според дипломатите дека Монголија би можела да биде посредник со Кина.

Посетите на места каде што католиците се малцинство е дел од политиката на папата Франциск за привлекување внимание кон луѓето и проблемите на, како што ги нарече, перифериите на општеството и светот.

Предвидено е папата Франциск на 2 септември да се обрати пред владините лидери и дипломатскиот кор, а следниот ден ќе учествува и на меѓурелигиски состанок.

- Посетата на папата му покажува на светот дека современа Монголија продолжува да ја прифаќа слободата на религијата и мирниот соживот на религиите во Монголија, изјави монголски амбасадор во Ватикан, Герелма Давасурен. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан