• вторник, 03 декември 2024

Папата Франциск со порака до учесниците на Самитот за климатски промени: Зачувувањето на светот е поврзано со зачувувањето на мирот

Папата Франциск со порака до учесниците на Самитот за климатски промени: Зачувувањето на светот е поврзано со зачувувањето на мирот

Рим, 13 ноември 2024 (МИА) - Зачувувањето на светот е едно од најважните прашања на нашето време, кое е тесно поврзано со зачувувањето на мирот, порача денеска папата Франциск во пораката што во негово име ја пренесе државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку.

„Треба да се однесуваме и да живееме како членови на едно семејство кое го населува истото меѓусебно поврзано глобално село“, апелираше папата, пренесе Анса.

Според неговите зборови, научните податоци со кои располагаме не дозволуваат дополнително одложување на решавањето на ова прашање.

„Тоа прашање е едно од најважните и најитните, а мора да признаеме дека е тесно поврзано со зачувувањето на мирот“, ја пренесе Паролин пораката на папата. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан