• вторник, 05 ноември 2024

Пападопулу: Европската перспектива на Украина и Молдавија да не биде на товар на земјите од Западен Балкан

Пападопулу: Европската перспектива на Украина и Молдавија да не биде на товар на земјите од Западен Балкан

Атина, 7 ноември 2023 (МИА) – Грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, ја повтори заменик-министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу, говорејќи на конференцијата „Циклус идеи“ и истакна дека Европа не смее да дозволи да има црна дупка, ниту пак интеграцијата на Украина и Молдавија да биде на товар на земјите од регионот, јави дописничката на МИА од Атина. 

-За Грција европската интеграција на Балканот е црвена линија. Јасно е дека ја поддржуваме европската перспектива и на Украина и на Молдавија, за тоа не се покренува прашање, но не да биде на товар на Западен Балкан, кој може не го достигна посакуваното ниво на интеграција со неопходните реформи, но и покрај тоа се обидува веќе 20 години, истакна Пападопулу.

Додаде дека проширувањето е прашање за тоа што и колку има направено секоја од земјите, која се оценува според постигнувањата, но за Атина регионот треба да оди напред.

-Грција не можеме да прифати дека овие земји ќе останат назад, не може Европа да има црна дупка и ние не можеме да замижеме пред ова, потенцираше заменичката МНР.

Посочи дека Грција помина различни фази во врска со Балканот, дека беше многу активна, потоа поради економската криза се повлече од практични причини, а сега одново е во игра.ср/ссм/

Остани поврзан