• сабота, 16 ноември 2024

Панчевски и Стојковска се новите државни шампиони во шах

Панчевски и Стојковска се новите државни шампиони во шах

Скопје, 9 мај 2022 (МИА) - Филип Панчевски и Моника Стојковска, двајцата од Шаховскиот клуб Алкалоид, се новите државни шампиони на Република Северна Македонија во шах.

Зад Панчевски, со по седум поени, се најдоа Емил Ристески и Роберт Велески.

Додека, на женското првенство на кое се пријавија 12 учеснички, зад Стојковска, која освои шест од седум можни поени се најдоа Габриела Коскоска со 5 поени и Ивана Манова е трета со 4,5 поени.

Отвореното Првенство на Македонија 2022 се одржа вчера во Хотелот Континентал во Скопје ар/са/

Остани поврзан