• понеделник, 23 декември 2024

Панел дискусија „Предивиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19"

Панел дискусија „Предивиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19
Скопје, 6 јули 2021 (МИА) - Во просториите на МКЦ во Скопје денеска ќе се одржи завршниот настан „Индустрија во криза: Предизвиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19". На панел дискусијата „Социо-економските ефекти од КОВИД-19 врз текстилната индустрија“ воведно обраќање, како што е најавено, ќе имаат Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ и Данче Даниловска Бајдевска, програмска директорка на организацијата Владеење на право и добро управување. Како што најавија од Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, нејзиниот истражувач Виктор Стојкоски ќе ја презентира студијата „Ефектите од Ковид-19 врз текстилната индустрија“ На панел дискусијата „Индустрија во криза: Предизвиците на текстилната индустрија пред и по кризата со КОВИД-19“ ќе говорат Јована Тренчевска, директорка на Државен инспекторат за труд, Љупчо Радовски, претседател на Синдикатот на текстилна, кожарска и чевларска индустрија (СТКЧ), Маријана Перковска, претседателка на Текстилниот Кластер и Кристина Ампева, извршна директорка на Здружението „Гласен Текстилец“. цр/сп/

Остани поврзан