• петок, 20 декември 2024

Панел-дискусија „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“

Панел-дискусија „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“

Скопје, 20 мај 2021 (МИА) - „Со кои предизвици се соочуваат медиумите? Која е улогата на медиумите за промовирање на европските вредности и мултикултурализмот во нашата држава?, се дел од прашањата кои ќе бидат поставени на панел-дискусијата „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ што денеска ќе се одржи во организација на ЦИВИЛ.

Учесници на панелот ќе бидат Елида Зулбеари, уредничка на Порталб, Драган Антоновски, директор и главен и одговорен уредник на МИА и Фиљана Кока, заменик претседател на ЗНМ и новинарка во МРТ. Настанот ќе го модерира Дехран Муратов од ЦИВИЛ.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година. сст/хс/

Остани поврзан