Панел-дискусија „Зошто граѓанска наука во образованието?“ во Клуб на новинари во Скопје
- Здружението на граѓани „Еко логик“ од Скопје организира панел-дискусија насловена: „Зошто граѓанска наука во образованието?“. Предвидено е учество на претставници на граѓански организации и средни училишта, а целта е да се поттикне дискусија за важноста на еко-активизмот и вклученоста на средните училишта и средношколците во активности за следење, истражување и решавањето на локалните проблеми со животната средина, како и значењето на медиумската писменост за активно граѓанство.
![Панел-дискусија „Зошто граѓанска наука во образованието?“ во Клуб на новинари во Скопје](https://mia.mk/images/20240926173700_big_730x400_38.webp )
Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Здружението на граѓани „Еко логик“ од Скопје организира панел-дискусија насловена: „Зошто граѓанска наука во образованието?“. Предвидено е учество на претставници на граѓански организации и средни училишта, а целта е да се поттикне дискусија за важноста на еко-активизмот и вклученоста на средните училишта и средношколците во активности за следење, истражување и решавањето на локалните проблеми со животната средина, како и значењето на медиумската писменост за активно граѓанство.
- Панел-дискусијата е дел од проектот „Хаб на истражувачи“, што „Еко логик“ го спроведува со поддршка на Амбасадата на САД во земјата, а има за цел да ја промовира граѓанската наука во заштита на животната средина, образованието за животната средина во средните училишта, како и да поттикне поголема вклученост на средношколците во еко-акции, дискусии и истражувања, се додава во соопштението на ова здружение.
Од 20 до 22 септември, Здружението организирало тридневна обука за зазеленување и вмрежување на општините. Учествувале претставници на различни сектори и одделенија од шест скопски општини и од општина Кочани. Имало и камп за граѓанска наука каде учествувале седумдесетина млади од Скопје и Кочани. бд/мд/
Фото: „Еко логик“