• петок, 22 ноември 2024

Панди Јани:  На 14-ти мај избираме промени за подобра иднина и подобар живот за сите

Панди Јани:  На 14-ти мај избираме промени за подобра иднина и подобар живот за сите
Дебар, 23 април 2023 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Пустец Панди Јани се обрати до жителите „слободно да ја искажат својата волја на 14 мај и гласот да го дадат за промени, за подобра иднина и живот за сите“.
 
- Дадете ми ја довербата што ќе значи глас за  достоинствена работа без закани и притисоци, за модерна и модернизирана администрација во служба на народот. Вработените во општината да не подлегнуваат на притисоците, оние кои што ви вршат притисок по 14 мај ќе бидат минато, апелира тој.
 
Од вас барам, како што наведува, да ја „ослободиме општината и да ја вратиме на народот, повеќе никогаш нема да има ниту притисоци, ниту закани“.
 
- Заканите и уцените врз вработените во општинската администрација и претпријатија го отсликува четиригодишното владеење на оваа гарнитура на власт која што раководи со општината и со народните пари. Почитувани мои,  општината и претпријатијата му припаѓаат на народот, а функцијата градоначалник е минлива работа, затоа драги мои немојте да подлегнувате на никаков притисок и на 14-ти мај казнете ги оние кои што ве заплашуваат и притискаат за да обезбедите по 30 гласови за нив, порачува Јани.
 
Додава дека е време за модерна општина со демократски сфаќања и слободи. - По 14 мај и по моето доаѓање на функцијата никој нема повеќе да трпи никаков притисок, без разлика на политичка определба. Сите остануваат на работа и продолжуваат со нивните активности. Почитувани, позади параванот вие сте сами, иднината за тоа дали сакате да работите под притисок или не, е во наши раце, на 14 мај избираме промени за подобра иднина и подобар живот за сите. Уште еден апел до вработените во администрацијата и јавните претпријатија... Почитувани тоа се државни органи и им припаѓаат на народот, со цел да им служат и да им го олеснат животот, а не за да се врши притисок врз вработените, вели Јани.
 
Од неговите  сограѓани бара на денот на изборите да го заокружат бројот 1 на гласачкото ливче. - Почитувани сограѓани  заокружете го победничкиот број, бројот 1, бројот кој симболизира победа. Гласајте  за Панди Јани, за достоинствена работа без закани и притисоци, за модерна и модернизирана администрација во служба на народот. Да сте живи и здрави, одиме на голема победа, на 14 мај „Заедно победуваме“, порачува тој.
 
Панди Јани е кандидат на Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета, која ја предводи изборната коалиција „Заедно победуваме“. вт/мд/
 
Фото: Фб Панди Јани

Остани поврзан