• недела, 22 декември 2024

Бурата Кирк ја погоди Шпанија, регионот Кантабрија најзагрозен

Бурата Кирк ја погоди Шпанија, регионот Кантабрија најзагрозен

Мадрид, 9 октомври 2024 (МИА) - Бурата Кирк денеска ја погоди Шпанија, а на удар од урагански ветрови особено е подложен северот на Пиринејскиот Полуостров, каде на планината Пикос де Европа беа измерени ветрови со брзина од 205 километри на час.

Шпанската метеоролошка агенција (Аемет) издаде црвено предупредување во Кантабрија, додека портокалово ниво на тревога е активирано во регионите Астурија, Кастилја и Леон, Галиција, Навара, Баскија и Риоха поради дожд, ветрови, силни бранови и бури, пренесува шпанскиот Ефе.

Портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо, предупреди дека се очекува ветерот да продолжи да претставува најголема опасност во наредните часови и дека прогнозите покажуваат дека утре попладне интензитетот на невремето ќе се намали до умерен степен. паг/  
 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан