• недела, 22 декември 2024

Пандев премина од Џенова во Парма

Пандев премина од Џенова во Парма
Парма, 31 јануари 2022 (МИА) – Неколку часа пред завршувањето на јануарскиот преоден рок, рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во македонскиот фудбалски дрес Горан Пандев неочекувано ја смени клупската средина и потпиша за италијанскиот второлигаш Парма. Пандев (38) потпиша договор со Парма до крајот на сезоната и со тоа стави крај на шестгодишниот престој во редовите на калчолигашот Џенова, кому му претстои тешка битка за опстанок во прволигашкото друштво. Соиграч на Пандев во Парма ќе му биде легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој ја почетокот на оваа сезона се врати во клубот во кој ја почна кариерата. Пандев, кој од порано најави дека ја игра последната сезона во својата кариера, ја напушта Серија А со импозантни бројки зад своето име и вкупно 493 одиграни натпревари, од дебито во сезоната 2003/04, со што е трет на вечната листа зад Фабио Канаваро (515) и Самир Хандановиќ (537). ег/са/

Остани поврзан