Палестински извори тврдат дека ИДФ убила три лица во Појасот Газа
- Палестински извори денеска соопштија дека, и покрај примирјето, израелската армија убила три лица на различни локации во Појасот Газа
Газа, 2 декември 2025 (МИА) – Палестински извори денеска соопштија дека, и покрај примирјето, израелската армија убила три лица на различни локации во Појасот Газа.
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека ги истражува палестинските тврдења.
Претходно, израелската армија соопшти дека елиминирале неколку лица кои се обиделе да влезат во така наречената жолта линија, зад која е повлечена ИДФ, како дел од договорениот прекин на огнот.
Но, според палестинските извори, трите лица се убиени во област контролирана од Хамас.
Информациите дадени од двете страни во моментов не можат да бидат независно потврдени. ми/ссм/
фото: ДПА