Палачинки од бадемово брашно и банани
За прекрасен и здрав почеток на денот...
Состојки:
- 1 јајце
- 1 зрела банана
- 1 лажица мед
- 1/2 лажиче прашак за пециво
- 200 мл бадемово брашно
- 200 мл млеко
- 100 грама мелени бадеми
Подготовка:
Изгмечете ја бананата со лажица мед и едно јајце, во сад. Додадете млеко и просеано брашно со прашок за пециво. Добро изматете. Потоа додадете мелени бадеми. Смесата е погуста од смесата за класични палачинки. Загрејте го маслото во тава, потоа ставете мала лажица од смесата и пржете додека убаво не порумени од двете страни.
Сервирајте ги палачинките топли, со овошје и мед (или по желба).
Фото:Фрипик