• понеделник, 23 декември 2024

Пакомак со акција „Биди зелен, не биди „зелен““ на Д Фестивал

Пакомак со акција „Биди зелен, не биди „зелен““ на Д Фестивал

Скопје 29 јуни 2024 (МИА) - Под слоганот „Биди зелен, не биди „зелен““ овој викенд Пакомак ќе присуствува на Д Фестивал во Дојран со голем број на промоции и едукативни активности со цел да се придонесе за зачувување на околината и да се поттикнат граѓаните да рециклираат повеќе на овој голем фестивал.

Како што информираат од Пакомак, сите посетители на Д Фест ќе можат да набават реупотреблива чаша и да добијат попуст на точено пиво. 

- Целта со овие чаши е посетителите да создадат што е можно помалку отпад, но и да добијат соодветен спомен од фестивалот. Дополнително на голем број на локации, за време на фестивалот ќе бидат поставени контејнери за селектирање на различен вид на отпад, а тимовите на Пакомак ќе едуцираат и ќе им помогнат на посетителите истиот да го селектираат и одложат соодветно, стои во соопштението од Пакомак.

Дополнуваат дека на повеќе локации ќе постават и контејнери за хартија, пластика и стакло, како макети од нивните познати вендинг машини за пластични шишиња и лименки. 

- Дополнително, за време на фестивалот сите нови корисници кои ќе ја симнат апликацијата Екомак за користење на повратните вендинг машини и ќе селектираат 3 шишиња или лименки до 10 јули во нив, ќе добијат 300 зелени поени за да ги искористат во маркетите, велат оттаму. ар/аа/
Фото: Постер

Остани поврзан