• четврток, 26 март 2026

Пакистан ја обвини Индија за напад врз училиштен автобус, при што загинаа пет лица

Пакистан ја обвини Индија за напад врз училиштен автобус, при што загинаа пет лица

Исламабад, 21 мај 2025 (МИА) – Пет лица загинаа, а повеќе од 40 се повредени при напад на училиштен автобус во градот Хуздар, во пакистанската провинција Белуџистан. Помеѓу загинатите се три ученички и две возрасни лица.

Премиерот на Белуџистан, Сарфраз Бугти изјави дека неговата Влада има разузнавачки извештаи дека индискиот советник за национална безбедност Аџит Довал планирал нешто во Белуџистан, но „не очекував тој да ги таргетира невини деца“.

- Откако Индија се соочи со понижувачки пораз на бојното поле прибегна кон презриви и кукавички дела. Планерите, поттикнувачите и извршителите на овој кукавички напад спонзориран од Индија ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, а гнасното лице на Индија ќе биде разоткриено пред целиот свет“, се наведува во соопштението на пакистанската армија.

Бунтовничката група Белуџистанска ослободителна армија (БЛА), која се бори за независност на пакистанскиот регион, претходно соопшти дека нападнала автобус со кој се превезувале пакистански војници. Исламабад тврди дека БЛА има поддршка од Индија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан