• петок, 05 декември 2025

Пакистан: Околу 300 загинати во монсунските дождови од јуни

Пакистан: Околу 300 загинати во монсунските дождови од јуни

Исламабад, 31 јули 2025 (МИА) – Во монсунските дождови кои го зафатија Пакистан кон крајот на јуни досега загинаа речиси 300 луѓе, додека повеќе од 700 лица се повредени, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи (НДМА).

Според официјалните податоци, само во последните 24 часа загинале шест лица, а две се повредени.

Од 26 јуни до денеска, вкупно 295 лица загинале, а околу 700 се повредени како последица на обилни врнежи, ненадејни поплави, уривање на кровови и струјни удари. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан