• четврток, 26 март 2026

Пакистан го поздрави предлогот на Трамп за решавање на спорот со Индија за Кашмир

Пакистан го поздрави предлогот на Трамп за решавање на спорот со Индија за Кашмир

Исламабад, 11 мај 2025 (МИА) - Исламабад го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да посредува во долготрајниот спор меѓу Индија и Пакистан за Кашмир, кој ги доведе нуклеарно вооружените соседи на работ на војна, пренесе ДПА.

„Ја цениме подготвеноста на претседателот Трамп да ги поддржи напорите за решавање на спорот со Џаму и Кашмир“, се вели во соопштението на пакистанското Министерство за надворешни работи.

Повторувајќи го својот долгогодишен став, Пакистан соопшти дека трајното решение мора да се базира на резолуциите на Советот за безбедност на ОН и правото на жителите на Кашмир за самоопределување.

Претходно, претседателот Трамп го пофали раководството на двете земји за „историското и херојско“ примирје.

„Ќе соработувам со двете страни за да видам дали може да се дојде до решение за Кашмир по „илјадници години“, објави Трамп на социјалните мрежи. рп/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан