• понеделник, 25 ноември 2024

Пакистанските спасувачки служби во состојба на готовност поради поплавите, досега загинаа повеќе од 150 луѓе

Пакистанските спасувачки служби во состојба на готовност поради поплавите, досега загинаа повеќе од 150 луѓе

Исламабад, 8 август 2024 (МИА) - Спасувачките служби во Пакистан се во состојба на готовност за евакуација на жителите од крајбрежните области, а бројот на жртви од повеќенеделните монсунски дождови достигна над 150, јави ДПА.

Илјадници спасувачи и стотици чамци беа испратени во централната провинција Пенџаб откако реката Ин се излеа.

Најтешко беше погодена северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, каде поројните дождови и лизгањето на земјиштето беа причина за смрт на најмалку 57 луѓе.

Илјадници студенти ја пропуштија наставата во долините во близина на пакистанската граница со Авганистан и Кина.

Над 50.000 луѓе кои беа блокирани во долините на Хималаите сега се пренесени на побезбедни места.

Најмалку 154 лица, од кои половината деца, загинаа во различни инциденти во Пакистан од почетокот на сезоната на монсуните. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан