• среда, 09 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пакистанските безбедносни сили убиле девет бунтовници во близина на границата со Авганистан

Пакистанските безбедносни сили убиле девет бунтовници во близина на границата со Авганистан

Исламабад, 7 април 2025 (МИА) -  Пакистанските безбедносни сили извршиле рација во засолниште во северозападниот дел на земјата, во близина на границата со Авганистан, и убиле девет бунтовници, соопшти денеска пакистанската армија.

Во соопштението се наведува дека сите убиени бунтовници се членови на талибанското движење, а меѓу нив бил и висок бунтовник одговорен за убиството на армискиот капетан Хаснаин Ахтар во март годинава.

Пакистанските талибанци (ТТП) се сојузници на авганистанските талибанци и нивната моќ порасна откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година.

Последниот напад се случи еден ден откако армијата уби осум бунтовници во областа Северен Вазиристан, исто така во северозападниот дел на земјата, додека се обидуваа да ја преминат границата со Авганистан.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан