• петок, 24 мај 2024

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево - Пехчево

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево - Пехчево

Делчево, 17 април 2024 (МИА) - Дождливото време проследено со ветар, попладнето предизвика проблеми на патните правци кои водат од Делчево кон Пехчево и Македонска Каменица. Поради паднато дрво во близина на с.Тработивиште, сообраќајот на регионалниот пат Делчево - Пехчево - Берово е отежнат. Од Македонија пат информираат дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот.

-Паднатото дрво се наоѓа на патот Делчево - Пехчево, во близина на тревнатото фудбалско игралиште во с.Тработивиште кое се наоѓа од левата страна на коловозот. Сите кои патуваат на оваа релација да ја прилагодат брзината во близина на оваа делница, поради можната опасност, информираа од Македонија пат.

Во овој регион попладнето повторно има појава на одрони на магистралата А3, која е дел од патот Делчево - М.Каменица.

-Утрово расчистувавме поголеми одрони на делницата после с.Очипала и Баткова Чешма. Таму повторно има појава на ситни одрони, заради што апелираме на внимателно возење, додадоа од претпријатието.

Во моментот во Пијанечко-Малешевскиот регион дождот престана, но во одредени делови сообраќајот и понатаму се одвива по влажни коловози. вс/са/


Фото: МИА

Остани поврзан